Алати за Home & Garden

Уреди за детекција и инспекција

Детектори

Детектори

Побезбедно дупчење – детекторите на Bosch служат за лесна детекција на разновидни предмети во ѕидовите, како што се кабли под напон, метали и дрвени потструктури.

  • Побезбедно дупчење – едноставна и прецизна детекција на предмети во ѕидовите
  • Детектирање кабли под напон, метални предмети и дрвени потструктури
Примени
Скенирање ѕидови за побезбедно дупчење
Детектирање кабли под напон и метални предмети
Инспекциски камери

Инспекциски камери

Визуелен пристап во тешко достапни или темни места – инспекциските камери на Bosch ја олеснуваат проверката на блокада на цевки, пронаоѓање изгубени предмети, детекција на оштетувања на црева или проверка на шуплини. Резултатите може да се документираат преку кадари од екранот, коишто се зачувуваат десно на камерата или се испраќаат преку микро-SD картичка.

  • Приказ на тесни места – проверка на блокада на цевки или изгубени предмети
  • Помагало за проверка на шуплините во плафонот
  • Совршено за гледање во тесни места околу моторите
Примени
Идеално помагало за преглед на шуплините во плафонот
Проверка на блокада на цевки
Детектори на температура

Детектори на температура

Мерење температура и влажност на површината, лоцирање топлински мостови за да се спречи губење енергија и проверка на ѕидовите за ризик од појава на мувла. Детекторите за мерење температура и влажност на Bosch ги анализираат и посочуваат потенцијалните ризици автоматски преку систем на светла (семафор), што го олеснува постигнувањето поздрава домашна средина.

  • Намалување на загубата на енергија – мерење температура на површината и лоцирање топлински мостови
  • Уживајте во поздрав дом – скенирање области за детекција на ризик од појава на мувла
Примени
Брзо лоцирање топлински мостови и места со ризик од појава на мувла
Детекција на неисправности во изолацијата
Мерач на влага

Мерач на влага

Проверките на влагата се неопходни за успешно започнување разни задачи. Мерачите на влага обезбедуваат совршен почеток за секоја таква задача со мерење на содржината на влагата во дадена супстанција – давајќи јасни информации за тоа дали материјалите се подготвени за употреба. Прецизни, интуитивни и лесни за разбирање.

  • Проверки на влага за превенција на мувла
  • Постигнете подобри резултати со претходна проверка на содржината на влагата
Примени
Претходни проверки на дрво за огрев за помалку емисии и чад
Идеално пред реставрација на мебел, на пример, за да се избегне создавање пукнатини