Пили

NanoBlade пили

NanoBlade пили

NanoBlade пилите нудат сечење без напор, без вибрации и сечила за пила што не треба да се одржуваат – не е потребно подмачкување, острење или затегнување. Лесна промена на сечилото со една рака благодарение на SDS системот на пилите.

  • Сечење без вибрации
  • Работа без одржување
  • Идеално за прави засеци под прав агол
  • За сечење во дрво и пластика до 65 mm
Убодни пили

Убодни пили

Идеални за правење прецизни, прави и криви засеци, убодните пили на Bosch се соодветни за прецизни резултати во разновидни материјали.

  • Идеални за прецизни засеци во разновидни материјали
  • Контрола на сечење прави и криви засеци
  • SDS овозможува брза и лесна промена на сечилото за пила без клуч за ефикасна работа
Двоодни пили

Двоодни пили

За задачи во работилницата или градината, двоодните пили на Bosch се погодни за прави и груби засеци во разновидни материјали.

  • Идеални за прави, брзи и груби засеци
  • За сечење дрво, метал, пластика, гума, гипскартон
  • Нагодете ја брзината со Bosch Electronic за подобри резултати
  • SDS за брза и лесна промена на сечило за пила без клуч
Рачни кружни пили

Рачни кружни пили

Кружните пили на Bosch се совршени за долги, контролирани, прави засеци во рамно дрво и дрвени материјали. Со паралелна водилка, прилагодливи агли и длабочина, како и аголни и закосени опции, овие пили овозможуваат прецизни засеци при секоја работа.

  • Идеални за прецизни и прави засеци во дрво
  • Долги засеци во плочи и рамни материјали, како што се MDF-плочи
  • Широк спектар на длабочини на сечење
  • За аголни и закосени засеци