Алати за Home & Garden

Bosch четка за чистење

Електричните четки за чистење на Bosch се идеални за широк спектар на задачи за внатрешно и надворешно чистење, вклучувајќи ќошеви, рабови и тешко пристапни места

Достапни додатоци

Четка

Четка

Издржливо: робустен помошник за чистење различни видови нечистотија

Оваа четка е наменета за тешки задачи за чистење. Благодарение на моќната брзина на ротација од 215 врт/мин, служи за рибање мијалници, плочки и фуги во бањи и кујни, како и бандажи, мебел за тераса и фуги на плочки на отворено. Четката е наменета за употреба на тврди површини, керамика и порцелан, алуминиум и метал, како и ламинат. Одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50 °C и повеќекратна употреба.

Лесно отстранување каменец и траги од сапун на плочките
Четкичка

Четкичка

Мала четка за совршени резултати за чистење до последниот ќош

Кога станува збор за деталите, нејзините мали влакна достигнуваат нечистотија речиси насекаде, особено во тешко достапните места како што се ќошеви или профили. Лесна за прицврстување и со моќна брзина на ротација од 215 врт/мин, служи за триење различни површини како што се тврди површини, ткаенини, керамика и порцелан, алуминиум и метал, како и пластика и ламинат. Исто така може да се користи и за обложени површини. Одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50°C и повеќекратна употреба.

Ефикасно чистење дури и во тешко достапни места
Држач за сунѓер со лепенка

Држач за сунѓер со лепенка

Брзо и лесно прицврстување посебни сунѓери

Изберете го совршениот сунѓер и почнете со чистење. Од секојдневно чистење до тешки задачи, сите сунѓери се наменети за различни материјали и површини. Благодарение на велкро лепенката, избраниот сунѓер може да се закачи на држачот за само неколку секунди. Одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50°C и повеќекратна употреба.

Лесно чистење на работната плоча во кујната (опционален додаток)
Микрофибер сунѓер

Микрофибер сунѓер

Оптимално за чувствителни површини

За чувствителните површини е потребно чистење без гребење: микрофибер сунѓерот е совршен за чистење во кујната и бањата кога станува збор за хромирани фитинзи, тенџериња и тави, мијалници, одводи и многу друго. Лесно се прикачува со систем со велкро лепенка, овозможува многу ефикасно чистење на површините. Сунѓерот е идеален за употреба на пластични и ламинатни, како и на стаклени површини. Исто така може да се користи за тврди или обложени површини, леано железо, керамика и порцелан, алуминиум и метал. Одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50 °C и повеќекратна употреба.

Има бигор на стаклото од туш кабината? Брзо ќе го снема!
Абразивен сунѓер за тврдокорна нечистотија

Абразивен сунѓер за тврдокорна нечистотија

За брзо отстранување закоравени остатоци од храна и тврдокорна нечистотија

Абразивниот сунѓер служи за чистење на тврдокорни нечистотии од тави за печење, необложен прибор за готвење и рерни. Сунѓерот може лесно да се закачи на држачот со велкро лепенка. Идеално за употреба на леано железо, како и за отстранување боја и 'рѓа. Сунѓерот е со одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50 °C и повеќекратна употреба.

За отстранување 'рѓа од мали површини
Кујнски сунѓер

Кујнски сунѓер

Совршено чистење на кујната

Кујнскиот сунѓер е моќен помошник за секакви видови нечистотија, за враќање на сјајот на шпоретот, рерната, тенџерињата, тавите и мијалникот. Сунѓерот е идеална алатка за чистење на леано железо, но исто така прифатлива за керамика и порцелан, и калено стакло, како и за отстранување боја и 'рѓа. Може лесно да се закачи на држачот со системот со велкро лепенка. Сунѓерот е со одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50 °C и повеќекратна употреба.

Лесно чистење на работната плоча во кујната (опционален додаток)
Меламински сунѓер

Меламински сунѓер

Совршени резултати за чистење на многу различни површини

Брзо чистење за заштеда на време: меламинскиот сунѓер ја отстранува тврдокорната нечистотија од работните плочи, стаклените површини, подовите, первазите, вратите и чевлите, без потреба од користење абразивно средство за чистење. Може лесно да се закачи на држачот со системот со велкро лепенка. Меламинскиот сунѓер е идеален за употреба на тврди или обложени површини и стакло, но исто така се користи за ткаенини, пластика и ламинат. Сунѓерот е со одржлив дизајн што овозможува миење во машина за садови на температура до 50 °C и повеќекратна употреба.

Чистење на нечистотијата од кожните седишта