Алати за Home & Garden
Детектор на топлина

PTD 1

PTD 1
PTD 1
Заштедете енергија и живејте поздраво
  • Лесно мерење на температурата на површината и просторијата, како и на влажноста на воздухот
  • Заштедете енергија со брзо откривање топлински мостови и извори на загуба на енергија
  • Создадете побезбеден дом со забележување места со ризик од појава на мувла преку автоматска анализа и толкување на податоците
  • Резултатите се прикажуваат во LED системот на светла (семафор) за индикација на нивото на ризик
  • Изберете од 3 вредности на емисија за уште попрецизни резултати

Напредно ниво на детекција на температура – автоматска анализа за заштеда на енергија и поздрав дом

Уживајте во побезбеден дом и заштеда на енергија – PTD 1 детекторот на температура ги мери и автоматски ги толкува температурите на површината и просторијата, како и нивоата на релативна влажност за брзо лоцирање топлински мостови и делови со висок ризик од појава на мувла. Резултатите се прикажани во LED систем на светла (семафор) со црвено, жолто и зелено за да ги означат нивоата на ризик. Изберете помеѓу три режими на мерење за попрецизни резултати во зависност од материјалот и префрлете се помеѓу индивидуални или континуирани режими за мерење на точки или скенирање предмети. Измерете ги температурите на грејачите и подното греење или контролирајте ја изолацијата со откривање извори на загуба на енергија на прозорците и вратите. Создадете поздрава домашна средина со проверка на sидовите и бањите за места со висок ризик од појава на мувла.

Брзо лоцирање топлински мостови и места со ризик од појава на мувла.
Едноставно мерење температура на површината и просторијата, како и на влажноста.
Лесно ракување благодарение на автоматската анализа и толкување на резултатите од мерењето.

Брза и лесна детекција за побезбеден дом и заштеда на енергија

Ласерскиот круг ја обележува мерната површина при проверка на температурата на површината
Детектира области со висок ризик од појава на мувла
Лоцира топлински мостови за детекција на извори на загуба на енергија

Технички податоци за PTD 1

Технички спецификации
Батерија
2 x 1,5V LR6 (AA)
Тежина
0.28 kg
Приближен работен опсег
1 m
Оптика
10:01
Опсег на мерење
Температура на површина
Опсег на мерење
од –20 до +200 °C
Опсег на мерење
Амбиентална температура
Опсег на мерење
од –10 до +40 °C
Опсег на мерење
Релативна влажност
Опсег на мерење
од 20 до 90%
Димензии на алат (должина x ширина x висина)
34 x 19 x 79 mm
Детали за испорака: PTD 1
Број на нарачка
2 x 1,5 V LR06 (AA) батерии
Краток прирачник
Торба
Број на нарачка
EAN-код
0603683020
3165140653497

Најдете го точниот резервен дел брзо и едноставно

Точниот резервен дел само со клик на глувчето

Изберете резервни делови онлајн
Добијте е-маил со листата на избрани резервни делови
Испечатете ја листата и нарачајте резервни делови од дилер

Поддршка за Bosch

Едноставно пишете ни порака преку нашата контакт форма.

Грижа за клиенти

За прашања во врска со сервисот за поправка и резервни делови:
Од понеделник до петок:
08:00 - 19:00
Од понеделник до петок:
08:00 -16:00