Совети при работењето

Со помош на држачот (16) можете да го прицврстите мерниот уред на различни предмети со дебелина од 10 до 60 mm, на пр. на вертикални или хоризонтални даски или цевки.

Олабавете ги завртките за прицврстување (15) на држачот, поставете го држачот на саканото место и повторно затегнете ја завртката за прицврстување.

Поставете го мерниот уред со прифатот за статив (8) на 1/4"-завртка (13) на држачот и свртете го со умерена сила на држачот. Не претерувајте со затегнувањето на мерниот уред, бидејќи може да се оштети.

Грубо центрирајте го држачот, пред да го вклучите мерниот уред. За тоа олабавете ја завртката за фиксирање (14) на држачот. Движете го мерниот уред на саканата висина во хоризонтална позиција (со прифатот за статив (8) надолу). Повторно зацврстете ја завртката за фиксирање.

Исто така можете мерниот уред да го прицврстите за држачот со адаптер-плочата (3).

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (8) на навојот на стативот (6) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред.

Исто така можете мерниот уред да го прицврстите за стативот со адаптер-плочата (3).

Адаптер-плочата (3) го олеснува точното израмнување на мерниот уред на референтната точка и овозможува брзо поставување и вадење на мерниот уред.

Адаптер-плочата (3) може да биде прицврстена на држачот (16) или на стативот (6).

  • Држач: Поставете ја адаптер-плочата со 1/4"-прифатот (1) на завртката (13) на држачот и затегнете ја за држачот со умерена сила.
    Напомена: Олабавете ја завртката за фиксирање (14) на држачот, доколку сакате да ја промените позицијата на мерниот уред. При вртење на адаптер-плочата без олабавена завртка за фиксирање, адаптер-плочата може да се разлабави и мерниот уред може да падне.
  • Статив: Затегнете ја завртката за фиксирање на стативот во 1/4"-прифатот (1) на адаптер-плочата.

Притиснете го мерниот уред во адаптер-плочата (3), така што механизмите за заклучување на адаптер-плочата ќе се вклопат во отворите на двете страни од мерниот уред. Адаптер-плочата може да биде прицврстена на долната, задната и горната страна на мерниот уред.

Проверете дали е стабилен мерниот уред.

При монтажата на адаптер-плочата на задната страна, мерниот уред во висина може да биде странично центриран при монтажа на горната и долната страна. Вртете ја фината завртка за подесување (2) на адаптер-плочата, за да ја центрирате ласерската линија на референтната точка.

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.