Ставање во употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
- Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред, притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нагоре. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта две ласерски линии од излезниот отвор (5).
За исклучување на мерниот уред, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) надолу над излезниот отвор за ласерот (5).
- Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.