Вметнување/замена на сечилото за пилата

Секогаш заменувајте целосно сечило за пила со друго. Само ланецот не смее да се менува.

Користете само сечила за пила што се соодветни за материјалот што се обработува. Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.

Сечило за пила

Длабочина на резот

Број за нарачка

Материјали

NanoBlade Wood Basic

50 mm

2 609 256 D83

Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)

NanoBlade Wood Basic

65 mm

2 609 256 F43

Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)

NanoBlade Wood Speed

50 mm

2 609 256 D84

Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)

NanoBlade Wood Speed

65 mm

2 609 256 D86

Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)

  • Вметнувајте само чисти сечила за пила. Внимавајте исто така на прифатот за сечило за пила да нема струготини.

Со лостот за заклучување (10) отворете го капакот (9) на прифатот за сечило за пила. Вметнете го сечилото за пила како што е прикажано на сликата. Внимавајте на тоа, погонското вратило и крајот на сечилото за пила да вклопат во жлебовите на прифатот за сечило за пила (13). Затворете го капакот на лостот за заклучување и заклучете го со лостот за заклучување. Ќе слушнете како се вклопува лостот за заклучување.

Ланецот на сечилото за пила автоматски се затегнува.

Ако ланецот почне да се лизга или да се олабавува од водечката единица, отворете го и затворете го капакот (9) на прифатот за сечило за пила.

Отворете го лостот за заклучување (10) и целосно отворете го капакот (9) на прифатот за сечило за пила. Извадете го сечилото за пила.