Совети при работењето

При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте.

Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот.

При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.

Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.

Помошта при сечење (14) овозможува точно сечење при сечење на материјали. Осигурете се дека, помошта при сечење (14) е цврсто фиксирана пред да почнете со сечење. За да го направите тоа, свртете ја помошта при сечење (14) заедно со заштитниот капак (7) така што реброто за фиксирање (17) ќе се вклопи во отворот (16).

За транспорт на електричниот алат монтирајте го транспортниот капак (13). Ова служи за заштита од повреди.