Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (12) и сите делови за монтирање.

За затегнување или олабавување на алатите за брусење, притиснете го копчето за заклучување на вретеното (6) и истовремено вртете на алат за брусење, за да го фиксирате вретеното за брусење.

Брусна плоча/диск за сечење

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

За олабавување на брусната плоча/дискот за сечење (8) притиснете го копчето за заклучување на вретеното (6) и истовремено вртете на брусната плоча/дискот за сечење (8), за да го фиксирате брусното вретено (12). Со внатрешниот шестаголен клуч на транспортниот капак (13) извадете ја затезната завртка со подлошка (15). Извадете ја брусната плоча/дискот за сечење (8). (Види слика C).

За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење (8) притиснете го копчето за заклучување на вретеното (6). Завртете ја затезната завртка со подлошка (15). Затегнувајте ја затезната завртка со клучот со внатрешна шестоаголна глава на транспортниот капак (13) додека подлошката на затезната завртка не легне рамно на брусната плоча/дискот за сечење (8). (Види слика D).