Промена на алат (види слика A)

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.

Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.

Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (2) свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.