Монтажа и употреба

Во зависност од вашите потреби, можете да го користите адаптерот за млазница (8) со или без продолжување на цревото (4).

За надувување на предмети монтирајте го цревото (4) и/или адаптерот за млазницата (8) на излезот за воздух (3), за всисување на предмети во влезот за воздух (2).

Ставете го цревото (4) во влезот за воздух (2) или на излезот за воздух (3) и вртете го во правец на стрелките на часовникот до крај.

Изберете го адаптерот за млазницата што одговара на вентилот на предметот (8). Ставете го адаптерот за млазницата, во зависност од потребата, во влезот за воздух (2), на излезот за воздух (3) или на монтираното црево (4) и вртете го во правец на стрелките на часовникот до крај.

Доколку има, извадете го затворачот за вентилот на предметот што треба да се надува.

За демонтирање на цревото (4) или адаптерот за млазницата (8) вртете го во правец спротивен од стрелките на часовникот и отстранете го.