Ексцентричен додаток/аголен додаток/додаток на вртежен момент (види слики BE)

Со ексцентричниот додаток (13) може да одвртувате по рабовите.

Со аголниот додаток (14) може да завртувате на тешко достапни места.

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (16) (15) може да го изберете потребниот вртежен момент во 10 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент.

Монтажа (види слики BC)

За монтажа на додатоците, извлечете го поклопецот на работното светло (7) нанапред. На крај може да ги вметнете додатоците. Монтажата на додатоците е возможна со поместување за 45°.

Демонтажа (види слики DE)

За демонтажа на додатоците, свртете го прстенот за отклучување (23) во правец на вртење ➊ и извлечете го додатокот нанапред. Повторно ставете го поклопецот за работното светло (7).