Безбедносни предупредувања за дупчалка
- Дупчалката мора да биде прицврстена.Доколку дупчалката не е соодветно прицврстена, тогаш може да се помести или да се навали, и да предизвика повреда.
- Делот што се обработува мора да биде прицврстен за површината на која е поставен. Не дупчете делови коишто се премногу мали за да се прицврстат. Доколку го држите делот што се обработува со рака за време на дупчењето, може да предизвика повреда.
- Не носете ракавици. Ракавиците може да се заплеткаат во ротирачките делови или струготини, и да предизвикаат повреда.
- Држете ги рацете подалеку од дупчалката за време на нејзината работа. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- Уверете се дека дополнителната опрема ротира пред да ја вметнете во парчето што се обработува. Во спротивно, дополнителната опрема може да се заглави во делот што се обработува, и да предизвика ненадејно придвижување на делот, што може да резултира со повреда.
- Кога дополнителната опрема е заглавена, престанете со притискање надолу, и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување. Заглавувањето може да предизвика ненадејно придвижување на делот што се обработува, што може да резултира со повреда.
- Не сечете долги парчиња со редовно прекинување на надолниот притисок. Острите метални парчиња може да предизвикаат заплеткување и лични повреди.
- Никогаш не ги отстранувајте струготините од дупчалката за време на нејзината работа. За отстранување на струготините, извадете ја дополнителната опрема од делот што се обработува, исклучете го алатот, и почекајте да престане да се движи. Користете алати, како на пр. четки или кука за да ги отстраните струготините. Контактот со ротирачките делови или струготини, може да предизвика повреда.
- Дополнителната опрема со утврдена брзина, мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина наведена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
- Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).
- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. |
- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
- Не правете промени на ласерскиот уред.
- Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица
- Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.
- Прицврстете го електричниот алат на цврста, рамна и хоризонтална површина. Доколку постои можност електричниот алат да се помести или ниша, алатот за вметнување не може да се води рамномерно и безбедно.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Одржувајте ја работната површина чиста, како и делот што се обработува. Острите струготини од дупчењето и предметите може да доведат до повреди. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или да експлодира.
- Пред почетокот на работата, поставете го точниот број на вртежи. Бројот на вртежи мора да биде соодветен со дијаметарот на дупчење и материјалот што треба да се дупчи. Доколку се постави погрешен број на вртежи, алатот што се вметнува може да се заглави во делот што се обработува.
- Не го фаќајте алатот што се вметнува по работата, додека не се олади. Алатот што се вметнува за време на работата се вжештува.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
- Електричниот алат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.