Ставање во употреба

  • За активирање на екранот (14) свртете во прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција .
  • За да го ставите електричниот алат во употреба свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција .
    Сега може да го поставите бројот на вртежи.

  • За завршување на дупчењето свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција .

или

  • За комплетно исклучување на електричниот алат свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција „0“.
    Напомена: електричниот алат сега е без струја. Моменталните поставки ќе се избришат.

Со помош на Quick Stop-функцијата, електричниот алат може брзо да се исклучи, доколку на пр. алатот за вметнување се заглави во делот за обработка.

  • Кратко и брзо притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Електричниот алат и екранот веднаш ќе се исклучат.
    Напомена: електричниот алат сега е без струја. Моменталните поставки ќе се избришат.
  • За повторно да го вклучите електричниот алат, мора да го вратите прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција „0“.
    Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот алат (прекинувач за вклучување/исклучување (13) во позиција ).

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното стартување на електричниот алат по прекин на струја (на пр. влечење на струјниот приклучок за време на работата).

  • За повторно да го вклучите електричниот алат, мора да го вратите прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во позиција .
    Потоа повторно ќе може да го вклучите електричниот алат (прекинувач за вклучување/исклучување (13) во позиција ).

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување, електрониката автоматски го исклучува електричниот алат.