Совети при работењето

Пред дупчењето, осигурајте се дека брзиот затегнувач (3), паралелниот граничник (19) или машинското менгеме (опрема) цврсто се затегнати.

Доколку бургијата излезе од делот за обработка, таа може да се заглави во него и да го повлече. Затоа, на крајот од дупчењето, забавете го движењето и притисокот.

Доколку се блокира алатот за вметнување, исклучете го електричниот алат. Оставете да се оладат алатот за вметнување и делот за обработка. Отстранете ги струготините од дупчењето. Откријте ја причината за заглавување на алатот што за вметнување и отстранете ја пречката.

За да го издупчите, набодете го делот за обработка од метал.

Направете мала дупка, пред дупчење на дијаметри поголеми од 10 mm.

За ладење на местото на дупчење користете масло за подмачкување (на пр. Bosch универзално масло за подмачкување), за подобра работа.

  • Застанете пред електричниот алат. На тој начин секогаш ќе имате добар поглед на местото на дупчење.
  • Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкиот алат за вметнување.
  • Не ги прекрстувајте рацете пред погонската единица.

  • Поставете го делот за обработка на основната плоча (1).
  • Поставете ја висината на погонската единица.
  • Израмнете го делот за обработка со помош на ласерот со вкрстени линии.
  • Прицврстете го делот за обработка.
  • Поставете го соодветниот број на вртежи.
  • Вклучете го електричниот алат.
  • За дупчење, свртете го вртливото тркалце (11) со рамномерен притисок додека не се постигне саканата длабочина на дупчење.
  • Доколку се постигне саканата длабочина на дупчење, вратете го вртливото тркалце (11) назад, додека не се врати погонската единица во стартна позиција.
  • Исклучете го електричниот алат.

Со помош на екранот (14) може да се прикаже моменталната длабочина на дупчење.

  • По поставување на бројот на вртежи, со помош на копчето (33) променете го полето на приказ на екранот на „Depth“.
  • Поставете ја висината на погонската единица.
  • Поставете го полека врвот на бургијата на делот за обработка.
  • Притиснете го копчето (34) за да ја утврдите нулта точката.
    На екранот (14) се прикажува приказот „Reset“.
  • Дупчете со рамномерен притисок, додека не се прикаже саканата длабочина на екранот.

Со граничникот за длабочина (9) може да ја утврдите длабочината на дупчење t.

  • Олабавете го затезниот лост (8) во насока спротивна на стрелките од часовникот.
  • Направете пробно дупчење. Доколку на екранот се прикаже (14) саканата длабочина на дупчење t, повторно прицврстете го затезниот лост (8).
    На тој начин, за следните дупчења, длабочината на дупчење е ограничена на t.