Приклучување на црево за воздух (види слики A1–A2)
Приклучување на основна единица:
- Прицврстете една бајонет-завртка (21) на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот (27) на основната единица.
- Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.
Приклучување на пиштол за прскање:
- Прицврстете ја втората бајонет-завртка (21) на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот (4) на пиштолот за прскање.
- Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.
Напомена: Пред полнењето на материјалот за прскање, извадете го цревото за воздух (20) (четвртина вртење на бајонет-завртката (21) во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката (21) од приклучокот (4)).