Работни паузи и транспорт (види слики H–I)
За едноставен транспорт на системот за фино прскање, на основната единица има рачка за носење (23) и појас за носење (24).
За време на работењето, основната единица (21) со помош на појасот за носење (24) може да ја закачите на рамото.
Во паузите при работата, пиштолот за прскање (1) може да го оставите на рамна работна површина. Не смее да истекува материјал за прскање.
- Пиштолите наполнети со материјал за прскање секогаш поставувајте ги исправени на рамна површина. Доколку го легнете пиштолот, од него може да истече материјал за прскање.