Мерни функции

Во функциското мени ќе ги најдете следните функции:

  • Мерење на должини
  • Мерење на површини
  • Мерење на волумен
  • Континуирано мерење
  1. Притискајте го копчето , додека на екранот (5) не се појави приказот за саканата функција.
  2. За да го потврдите изборот, притиснете го копчето .

  1. Притискајте го копчето , додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на должини .
  2. Притиснете го копчето  за да го потврдите изборот.
  3. Кратко притиснете го копчето  за да го вклучите ласерот.
  4. Притиснете го копчето , за да го започнете мерењето.
  5. Мерната вредност ќе се прикаже во редот со резултат (d).
  6. За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори.

Со долго притискање на мерното копче од секоја мерна функција ќе пристигнете во функцијата за мерење на должини .

При повеќе мерења на должини едно по друго, резултатите на последните мерења се прикажуваат во редовите со мерна вредност (c). Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.

  1. Притискајте го копчето , додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на површина .
  2. Притиснете го копчето  за да го потврдите изборот.
  3. Кратко притиснете го копчето  за да го вклучите ласерот.
  4. Притиснете го копчето  за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
  5. Притиснете го копчето  за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.

По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (d). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (c).

  1. Притискајте го копчето , додека на екранот (5) не се појави приказот за мерење на волумен .
  2. Притиснете го копчето  за да го потврдите изборот.
  3. Кратко притиснете го копчето  за да го вклучите ласерот.
  4. Притиснете го копчето , за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
  5. Притиснете го копчето , за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
  6. Притиснете го копчето  за да го започнете третото мерење, на пр. висина на соба.

По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (d). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (c).

При континуирано мерење, мерната вредност постојано се ажурира. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо.

  1. Притискајте го копчето , додека на екранот (5) не се појави приказот за континуирано мерење .
  2. За да го потврдите изборот, притиснете го копчето .
  3. Кратко притиснете го копчето  за да го вклучите ласерот.
  4. Движете го мерниот уред додека не се прикаже бараното растојание во редот со резултат (d).
  5. Континуираното мерење може да го прекинете така што кратко ќе го притиснете копчето .
  6. Повторно притиснете го копчето за да го продолжите континуираното мерење.

Актуелната мерна вредност ќе се прикаже во редот со резултат (d), а максималната и минималната мерна вредност во редовите со мерна вредност (c).

Континуираното мерење автоматски се исклучува по 4 min.