Bluetooth®-интерфејс

Мерниот уред има Bluetooth® модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth® интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).

Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth® врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.

  • Дополнителни информации ќе најдете на страницата за производи на Bosch.

При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот уред и мерниот уред. Ова може да се случи поради оддалеченоста на двата уреди или самиот мерен објект.

  1. Проверете дали Bluetooth® интерфејсот е активиран на Вашиот мобилен уред.
  1. Притиснете го копчето .

Статусот на поврзување како и активната врска (a) ќе се прикажат на екранот (5).

За проширување на обемот на функции на располагање стојат Bosch-апликациите. Тие може да се преземат во соодветните App-Stores во зависност од крајниот уред.

По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред со помош на серискиот број. Серискиот број (11) ќе го најдете на спецификационата плочка на Вашиот мерен уред.

Доколку не се воспостави врска 3 минути по притискање на копчето , автоматски се исклучува Bluetooth® заради заштита на батериите.

  1. Притиснете го копчето  за да го деактивирате Bluetooth®, или исклучете го мерниот уред.