Бирање на референтно ниво

За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа:

заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на ѕидови)

врвот на преклопената гранична плоча за 180° (3) (на пр. за мерења од агли)

преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење, почнувајќи од еден раб на маса)

  1. Притиснете го копчето .
  2. Изберете го саканото референтно ниво.

По секое вклучување на мерниот уред, задниот раб на мерниот уред е претходно поставен како референтно ниво.

Не е можнa понатамошна промена на референтното ниво на веќе извршени мерења (на пр. кај приказот на мерните вредности во листата со мерни вредности).

Мерење со гранична плоча

Употребата на гранична плоча (3) е наменета на пр. за мерења од агли (просторна дијагонала) или тешко пристапни места.
Отворете ја граничната плоча (3).

Поставете го референтното ниво за мерења со гранична плоча во мерниот уред соодветно.
По завршувањето на мерењето повторно отворете ја граничната плоча (3).