Проверка на точноста

Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини и мерење на растојанија.

Проверка на точноста и калибрирањето на измерените косини

Сензорот за косина се користи во режимите „Мерење на косини“, „Дигитална либела“ и „Индиректно мерење на растојанија“. При користење на овие режими Ви препорачуваме редовно калибрирање.

  1. Притиснете го копчето за да го повикате менито и копчето за да го повикате менито Основни поставки.
  2. Притиснете на калибрирање на косина за да го започнете калибрирањето.
  3. Следете ги упатствата на екранот на допир.
По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.
По силни температурни осцилации мерниот уред автоматски препорачува калибрирање.

Проверка на точноста на мерењето на растојание

За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното подрачје треба да биде поставено во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира (на пр. ѕид обоен во бело).

  1. Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
  2. Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
  1. Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да изнесува максимум ±4 mm на целото мерно подрачје при поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.