Вметнување/менување на батеријата

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

  1. Отворете ја граничната плоча (3).
  2. Отворете го капакот на преградата за батерии.
  3. Ставете ги батериите.

Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот, тогаш можни се уште само мал број на мерења.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.