Мерни функции

Во функциското мени ќе ги најдете следниве функции:

  • Мерење на должини
  • Мерење на површини
  • Мерење на волумен
  • Континуирано мерење
  • Мерење на косини
  • Дигитална либела
  • Собирање/одземање
  • индиректно мерење на растојанија
    • индиректно мерење на висини
    • двојно индиректно мерење на висини
    • индиректно мерење на должини
  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете на саканата функција.
  2. Притиснете го копчето одн. за да менувате помеѓу страниците.

Помошната функција интегрирана во мерниот уред содржи детални анимации за поединечните мерни функции/мерни процеси.

  1. Отворете го менито Функции.
  2. Притиснете го копчето.
  3. Притиснете на саканата функција.
  4. Анимацијата го прикажува деталниот процес за избраната мерна функција.
  5. Притиснете го копчето за да ја запрете анимацијата и копчето за да продолжите со анимацијата. Со копчињата и може да прелистувате напред и назад.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето за мерење на должини.
  2. Притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Притиснете го копчето  за да го започнете мерењето.
  4. Мерната вредност се прикажува во редот на мерна вредност (g).
  5. За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори.

При повеќе мерења на должини едно по друго, резултатите на последните мерења се прикажуваат во редовите со мерна вредност (f). Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето за мерење на површина.
  2. Притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Притиснете го копчето  за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
  4. Притиснете го копчето  за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.

Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува вклучен.

По завршување на второто мерење површината автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (g). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (f).

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето за мерење на волумен.
  2. Притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Притиснете го копчето  за да го започнете првото мерење, на пр. должина на соба.
  4. Притиснете го копчето  за да го започнете второто мерење, на пр. ширина на соба.
  5. Притиснете го копчето  за да го започнете третото мерење, на пр. висина на соба.

По завршување на третото мерење волуменот автоматски ќе се пресмета и прикаже. Резултатот ќе се прикаже во редот со резултат (g). Поединечните мерни вредности стојат во редовите со мерни вредности (f).

При континуирано мерење, мерната вредност постојано се ажурира. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од ѕидот, а моменталното растојание секогаш ќе биде читливо.

Минималното мерење се користи за одредување на најкраткото растојание од фиксната референтна точка. Тоа помага на пр. при вертикално и хоризонтално одредување.

Максималното мерење се користи за одредување на најголемото растојание од фиксната референтна точка. Тоа помага на пр. при одредување на дијагонали.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето за континуирано мерење.
  2. Притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Движете го мерниот уред додека не се прикаже саканото растојание во редот со резултати (g).
  4. Континуираното мерење може да го прекинете така што кратко ќе го притиснете копчето  .
  5. Повторно притиснете го копчето за да го продолжите континуираното мерење.

Актуелната мерна вредност ќе се прикаже во редот со резултат (g), а максималната и минималната мерна вредност во редовите со мерна вредност (f).

Континуираното мерење автоматски се исклучува по 4 min.

Мерењето на косини служи за мерење на нагорници и надолници (на пр., на скали, гелендери, при вклопување на мебел, при положување на цевки итн.).

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето .
  2. За да го користите мерењето на косини, поставете го мерниот уред со левата странична површина на објектот, чија косина сакате да ја измерите.
  3. Мерната вредност може да ја зачувате така што ќе го притиснете копчето .

Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред. Доколку на екранот не се прикажува агол на закосување, мерниот уред бил премногу странично навален за време на процесот на мерење.

Дигиталната либела се користи за проверка на усогласувањето на површината.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето .
  2. За да ја користите дигиталната либела, поставете го мерниот уред со задната страна на површината што треба да се мери.
  3. Мерната вредност може да ја зачувате така што ќе го притиснете копчето  .

Со собирањето/одземањето на должини, површини или волумени, ги мерите должините, површините и волумените и можете да ги соберете или одземете автоматски (на пр. корисно е при пресметка на материјал).

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето за пресметка на должини или пресметка на површини или пресметка на волумени .
  2. Притиснете го копчето за да менувате помеѓу собирање „+“ и одземање „–“ или за да започнете нова пресметка.
  3. Притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  4. Мерете ги трасите со копчето .
  5. Притиснете го копчето  за да го завршите собирањето/одземањето.
  1. Вредности над 9999999 m3 или под–999999 m3 не може да се прикажат, на екранот се појавува „ERROR“.

Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не треба директно да се измерат, бидејќи има пречки во текот на зракот или нема целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец води кон мерни грешки.

Индиректното мерење на растојанија е секогаш поточно од директното мерење на растојанија. Во зависност од примената, мерните грешки може да се поголеми од директното мерење на растојанија. За подобрување на точноста при мерењето се препорачува да го ставите мерниот уред на цврста гранична или потпорна површина.

Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува вклучен.

За индиректно мерење на растојанија, достапни се мерни функции 3 со кои може да се утврдат различни траси:

  • индиректно мерење на висини
  • двојно индиректно мерење на висини
  • индиректно мерење на должини

Индиректно мерење на висини

Со индиректно мерење на висини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ја измерите трасата 1. Мерниот уред ја пресметува бараната висина AB од аголот  и од трасата 1.

Точни резултати ќе се постигнат дури откако точно ќе се задржи бараниот прав агол при односното мерење.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето .
  2. Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Поставете го мерниот уред на висината на долната мерна точка B.
  4. Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на горната мерна точка A.
  5. Притиснете го копчето  за да го започнете мерењето.

По завршувањето на мерењето висината автоматски ќе се пресмета и прикаже во редот со резултати (g). Мерните вредности за трасата 1 и аголот се во редовите со мерна вредност (f).

Двојно индиректно мерење на висини

Со двојното мерење индиректно на висини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ги измерите трасите 1 и 2. Мерниот уред ја пресметува бараната висина AB од аголот  и од трасите 1 и 2.

За ова мерење се препорачува употребата на статив.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето .
  2. Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на горната мерна точка A.
  4. Притиснете го копчето  за да го започнете првото мерење.
  5. Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на долната мерна точка B. Притоа, не ја менувајте позицијата на мерниот уред.
  6. Притиснете го копчето  за да го започнете второто мерење.

По завршувањето на мерењето висината автоматски ќе се пресмета и прикаже во редот со резултати (g). Мерните вредности за трасата 1, 2 и аголот се во редовите со мерна вредност (f).

Индиректно мерење на должини

Со индиректното мерење на должини може да ја утврдите трасата AB така што ќе ја измерите трасата 1. Мерниот уред ја пресметува бараната должина AB од аголот  и од трасата 1.

  1. Притиснете го копчето (k) и притиснете го копчето .
  2. Кратко притиснете го копчето за да го вклучите ласерот.
  3. Поставете го мерниот уред на почетната точка A на бараната траса AB.
  4. Навалете го мерниот уред така што ласерот ќе се насочи на правата, на која исто така се наоѓа крајната точка B.
  5. Притиснете го копчето  за да го започнете мерењето.

По завршувањето на мерењето должината автоматски ќе се пресмета и прикаже во редот со резултати (g). Мерните вредности за трасата 1 и аголот се во редовите со мерна вредност (f).