Употреба на допирниот екран

Екранот е поделен на полињата статусна лента (A) и екран на допир (B) со лента за мени (C).
Статусната лента (A) го прикажува Bluetooth®-статусот на поврзување, предупредувањето за температура како и состојбата на наполнетост на батериите.
Преку екранот на допир (B) може да управувате со мерниот уред со допир на копчето.

Лентата за мени (C) има дополнителни функции (на пр. Bluetooth® вклучување/исклучување, мени, бришење).

  • За да работите на екранот на допир користете ги само прстите.
  • Нежно притиснете го соодветното копче (копче на притискање). Не притискајте на екранот на допир со силен притисок или со остри предмети.
  • Внимавајте екранот на допир да не дојде во контакт со други електрични уреди или вода.
  • За чистење на екранот на допир исклучете го мерниот уред и избришете ги нечистотиите на пр. со микрофибер крпа.