„Error“ на екранот

Приказ „Error“ на екранот

Причина: Аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта е премногу остар

Помош: Зголемете го аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта

 

Причина: Целната површина прејако рефлектира (на пр. огледало), или преслабо (на пр. црн материјал), или амбиенталното светло е прејако

Помош: Употребете ласерска целна плоча (опрема)

 

Причина: Излезот на ласерскиот зрак (8) одн. приемната леќа (9) се замаглeни (на пр. со брза промена на температурата)

Помош: Избришете го излезот на ласерскиот зрак (8) одн. приемната леќа (9) со мека крпа

 

Причина: Пресметаната вредност е поголема од 999,999 или помала од −999,999 m/m²/m³

Помош: Поделете ја пресметката во меѓу-чекори

 

Причина: Мерниот уред се поместил одн. се превртил за време на калибрирањето при притискање на копчето

Помош: Повторете го калибрирањето и мирно држете го мерниот уред на површината за време на притискањето на копчето

 

Причина: Искористените површини за калибрирање не се точно израмнети во хоризонтала

Помош: Повторете го калибрирањето на хоризонтална површина и ев. проверете ги претходно површините со либела

 

Причина: Калибрирањето и мерењето на косини не е извршено по точен редослед или во точни позиции

Помош: Повторете го калибрирањето според упатствата на екранот и во упатството за употреба