Полнење на батеријата

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.

Приказ за наполнетост на батеријата за време на работењето

Доколку приказот за наполнетост на акумулаторската батерија (4) при полу-притиснат прекинувач за вклучување/исклучување свети (5) црвено, батеријата има помалку од 30 % од нејзиниот капацитет и треба да се наполни.

За полнење ставете го кабелот за полнење (11) во приклучницата (8) на долната страна на рачката и мрежниот напојувач (10). Потоа, вметнете го мрежниот напојувач (10) во приклучницата.

Приказ за наполнетост на батеријата за време на полнењето

Приказот за наполнетост на батеријата (4) го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење свети приказот зелено. Доколку приказот за наполнетост на батеријата (4) не свети повеќе, батеријата е целосно наполнета.

За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е нормално.

Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.

Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.