Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.

Црвениот LED-приказ (17) Ви помага да ја заштитите батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.

Доколку LED-приказот свети (17) непрекинато црвено, температурата на батеријата е превисока и електричниот алат автоматски се исклучува.

  • Исклучете го електричниот алат.
  • Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите со работата.

Доколку LED-приказот трепка (17) црвено, електричниот алат е блокиран и автоматски се исклучува.

Извлечете го електричниот алат од делот што се обработува.

Штом се отстрани блокадата, електричниот алат продолжува да работи.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.

Светлото (27) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (4) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.