Совети при работењето

Ширината на сечењето варира во зависност од користениот сечило за пила.

Заштитете ги сечилата за пила од удари.

Насочете го електричниот алат рамномерно и со мал притисок во насоката на сечење за да добиете добар квалитет од сечењето. Прекумерното движење значително го намалува работниот век на алатите за вметнување и може да го оштети електричниот алат.

Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на сечилото за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила за пила за делот што го обработувате.

Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови.

При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини.

Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач за прав.

Паралелниот граничник (33) овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии.

Монтирајте го паралелниот граничник (33) со завртката за прицврстување (8) на електричниот уред.

Поставете го паралелниот граничник (33) на саканата ширина на резот.

За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник.

Најпрво монтирајте го адаптерот за всисување (30) со цревото за всисување (31) и потоа паралелниот граничник (33).

Напомена: За фиксирање на паралелниот граничник (33) и адаптерот за всисување (30) употребувајте ги само предвидените завртки!