Всисување на прав/струготини (види слика B)

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Напомена: Секогаш користете ја цевката за пренасочување при сечење (21), за да не ве погодат струготините.

Цевката за пренасочување (21) може да се користи со или без приклучен всисувач за прав/струготини. Во зависност од примената, свртете ја цевката за пренасочување така што струготините нема да летнат накај Вас и прицврстете ја истата на исфрлувачот на струготини (16).

Надворешно всисување (види слика B)

Поставете црево за всисување (20) (опрема) на исфрлувачот за струготини (16). Поврзете го цревото за всисување (20) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.