Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на сечилото за пила по исклучување на електричниот алат.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.