Начини на работа

  • Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.

Со рачката за претходен избор на длабочината на резот (29) може да се подеси длабочината на резот.

За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (13), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (13). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење (28).

Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (15).

Олабавете ги пеперутка-завртките (7). Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензија подесете ја на скалата (6). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките (7).

Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (28).

Контролното прозорче „CutControl“ (9) што се отвора нанапред служи за прецизно водење на кружната пила по направената линија за сечење на делот што се обработува. Контролното прозорче „CutControl“ (9) има по една ознака за правоаголно сечење и за сечење под агол од 45°.

Ознаката за сечење 0° (30) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (31) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под 45°.

За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.