Монтирање на вентилаторот

Вентилаторот може да се прицврсти со помош на двата држачи за прачки (10) на прачките (макс. Ø 22 mm).

Позиционирајте ги држачите за прачки (10) над прачките и притиснете го вентилаторот на прачките.

Напомена за користење на стативот

Користете го монтираниот вентилатор само во исправена позиција на стативот.

Прилагодете ги ногарките на стативот така што стативот да има стабилно држење, а средишниот столб да биде вертикален.

Користете статив со капацитет од повеќе од 3 kg.

Монтирање на вентилаторот на стативот

Позиционирајте го држачот за статив на вентилаторот (9) над завртките за прицврстување на стативот (1/4") и ставете го вентилаторот на завртката за прицврстување.

Напомена: внимавајте на тоа држачот на стативот на вентилаторот (9) целосно да биде поставен на завртката за прицврстување.

Свртете го вентилаторот во насока на стрелките на часовникот до крај, за да го прицврстите вентилаторот на стативот.

Монтирајте го вентилаторот со столарски стеги, со прицврстување на столарските стеги на површините за затегнување (11).