Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (22) и сите делови за монтирање.

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење.

Брусни плочи/брусни плочи за сечење

Монтажа со брзозатезна навртка (19) 

(AdvancedGrind 18V-80)

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на куќиштето).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (19).

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (19), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е доволно затегнување на работ на дискот.

Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (19) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори.

По монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/дискот за сечење слободната должина на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4 mm.

Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат.

Во приклучната прирабница (14) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (14) мора да се замени пред понатамошна употреба.

Монтажа со затезна навртка (18)

(UniversalGrind 18V-75)

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.

За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (18) и затегнете ја со клуч со два отвора.

Приклучна прирабница за брусно вретено M 14: Во приклучната прирабница (14) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (14) мора да се замени пред понатамошна употреба.