Монтирање на заштитен уред

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Напомена: пред да го користите електричниот алат за брусење, демонтирајте го монтираниот поклопец за сечење (7) (види слика B).

Поставете го заштитниот капак (6) на прифатот на електричниот алат, додека запците за кодирање на заштитниот капак не се вклопат со прифатот. Притоа, притиснете и задржете го лостот за отклучување (1).
Притиснете го заштитниот капак (6) на грлото на вретеното додека појасот на заштитниот капак не е поставен на прирабницата на електричниот алат и свртете го заштитниот капак, додека не се вклопи звучно.
Прилагодете ја позицијата на заштитниот капак (6) според потребите на работниот процес. За таа цел, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и свртете го заштитниот капак (6) во саканата позиција.

  • Секогаш поставувајте го заштитниот капак (6) така што двата запци на лостот за отклучување (1) во соодветните отвори на заштитниот капак (6) ќе влезат.
  • Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
  • Во правецот на вртење на опремата заштитниот капак (6) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.

Напомена: Запците за кодирање на заштитниот капак (6) осигуруваат, дека може да се постави само еден заштитен капак соодветен за електричниот алат.

  • За сечење секогаш користете заштитна хауба за сечење (5) или заштитна хауба за брусење (6) заедно со поклопецот за сечење (7).
  • При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.

Заштитната хауба за сечење (5) се монтира како заштитна хауба за брусење (6).

Поклопец за сечење од пластика

Ставете го поклопецот за сечење (7) од пластика на заштитната хауба за брусење (6) (види слика A). Поклопецот (7) се вклопува звучно и видливо на заштитната хауба (6).
За демонтирање (види слика B) отклучете го поклопецот (7) на заштитната хауба (6) (➊) лево или десно и извлечете го поклопецот (➋).

Капакот за всисување за сечење со лизгачки водилки (21) се монтира како заштитниот капак за брусење.

Со прицврстување на дополнителната рачка (4) со држачот на капакот за всисување низ куќиштето на менувачот, електричниот алат е цврсто поврзан со капакот за всисување. На капакот за всисување со лизгачки водилки (21) може да се поврзе соодветен Bosch-всисувач. За таа цел, вметнете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидената приклучница на капакот за всисување.

Напомена: Триењето предизвикано од прашината во цревото за всисување и додатоците за време на всисувањето предизвикува електростатичко полнење што корисникот може да го доживее како статичко празнење (во зависност од факторите на животната средина и неговата физиолошка состојба). Bosch генерално препорачува употреба на антистатичко црево за всисување (додаток) за всисување фина прашина и суви материјали.

  • При работа со гумен брусен диск (17) или со лончеста четка (20) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (16).

Прицврстете ја заштитата за рацете (16) со дополнителната рачка (4).

Навртете ја дополнителната рачка (4) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.

  • Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителната рачка (4).
  • Не користете го електричниот алат, доколку е оштетена дополнителната рачка (4). Не менувајте ја дополнителната рачка (4).