Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Вметнување запчеста глава за дупчење (види слика B)
- Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат (18) и малку намастете го.
- Запчестата глава за дупчење (17) со отворот за прифат (18) ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
- Проверете го заклучувањето со повлекување на запчестата глава за дупчење (17).