Совети при работењето

Со граничникот за длабочина (16) може да се утврди длабочината на дупчење X.

  • Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (5) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (15).
    Избраздениот дел на граничникот за длабочина (16) мора да покажува надолу.
  • Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
  • Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.

  • Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
  • Исклучете го електричниот алат и олабавете го блокираниот алат за дупчење ако се блокира електричниот алат. Високи реакциски вртежни моменти се појавуваат при вклучување со блокиран алат за дупчење.

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето.