Дополнителна рачка (види слика A)
- Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (10).
Завртете ја пеперутка-завртката (7) во правец спротивен од стрелките на часовникот и вметнете ја дополнителната дршка (8) во саканата позиција врз главата за дупчење на грлото на вретеното на електричниот алат.
Може да ја вртите помошната рачка (10) за безбедно и неуморно да работите.
Свртете ја помошната рачка (10) во саканата позиција и повторно затегнете ја пеперутка-завртката (7) во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење (види слика B)
Со граничникот за длабочина може да се утврди длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (11) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (8).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (12) мора да покажува надолу.
Извлечете го граничникот за длабочина (12) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (12) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.