Промена на алат
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика C)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (5) не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) свртете ја цврсто со рака во правец ➋, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (14) секогаш треба да користите универзален држач за битови (13). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (2) на ознаката „Дупчење“.