Безбедносни напомени за воздушни пумпи
- Кога користите воздушна пумпа, внимавајте да не го надминете дозволениот притисок на производот што треба да се надува. Производот може да пукне или да се скрши и притоа може да се повредите.
Цревото и металните делови на адаптерите можат да се прегреат при подолго работење. При подолго работење планирајте паузи и доколку е потребно, оставете ги деловите да се изладат. |
- Не ја оставајте воздушната пумпа без надзор.
- По пумпањето, проверете го притисокот на Вашиот производ со калибриран уред за мерење. Погрешен притисок може да доведе до опасни ситуации, на пр. различно ракување со Вашиот автомобил.
- Не им дозволувајте на децата да ја користат воздушната пумпа. Не ги насочувајте цревото за воздухот одн. протокот на воздухот во устата, ушите или очите на луѓето или животните и не издувајте прашина или други честички кон луѓето или животните. Ова може да доведе до повреди.
- Не ја користете пумпата за воздух ако приказот или другите делови се неисправни. Дозволениот притисок на производот што треба да се надува може да се надмине и да доведе до опасни ситуации.
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |