Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841‑1.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 78 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 62841‑1:

ah < 2,5 m/s², K = 1,5 m/s².

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.