Совети при работењето

При полирањето изберете понизок број на вртежи, за да избегнете прекумерно загревање на површината.

Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изборот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации (1).

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.

За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.

Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Користете само оригинална Bosch брусна опрема.