Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на електричниот алат

Приказот за наполнетост на акумулаторската батерија на електричниот алат неколку секунди го сигнализира нивото на наполнетост на батеријата или преоптоварувањето кога е вклучен електричниот алат.

LED светилки

Ниво на наполнетост на батеријата

Трајно светло 3 × зелено

≈ 75–100 %

Трајно светло 2 × зелено

≈ 40–75 %

Трајно светло 1 × зелено

≈ 15–40 %

бавно трепкање на светлото 1 × зелено

≈ 0–15 %

3-те LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата на електричниот алат брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од обемот на работна температура и/или реагира заштитата од преоптоварување.