Специјални брусни плочи

Испорачаната брусна плоча (10) може да ја замените со специјална брусна плоча која е дел од опремата.

Монтажата на специјалната брусна плоча се врши на начинот како што се менува испорачаната брусна плоча.

Поставувањето и вадењето на односниот брусен лист се врши на начинот како што се менува оригиналниот брусен лист.

Примената на специјални брусни плочи е дозволена само доколку е монтирана задната брусна плоча (11).

Користењето на додатокот за брусење ламели (18) Ви овозможува обработка на особено тешко достапни места, како на пр. ламели на прозори, регали или врати.

Рамното брусно јазиче (20) овозможува обработка на тесни процепи и тесен меѓу-простор.

Брусниот лист за брусното јазиче (19) се монтира на ист начин како предниот брусен лист (17).

Овалното брусно јазиче (21) Ви овозможува обработка на заоблени површини и шупливи тела или на конкавни површини како на пр. на мебел, гелендер или радијатори.

Брусниот лист за брусното јазиче (19) се монтира на ист начин како предниот брусен лист (17).