Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики A1–A4)

Ставете ја кутијата за прав (7) на млазниците за издувување (14).

Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно да се контролира преку транспарентниот резервоар.

За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со лесно вртење наназад.

Одвртете го елементот за филтер (6) од кутијата за прав (7). Испразнете ја кутијата за прав.

Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со мека четка.

Напомена: За да овозможите оптимално всисување на прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно чистете го филтерот (6).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (7) ќе покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика B)

Вметнете го адаптерот за всисување (16) (опрема) на црево за всисување (15) (опрема), така што ќе се слушне кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за всисување (16) со млазниците за всисување (14) на електричниот алат и цревото за всисување (15) со всисувач (опрема).

Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.