Ставање во употреба
- Внимавајте на тоа, за време на употребата, основната единица да не всисува прав или други нечистотии.
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Не се прскајте себе си, други лица или животни.
- Прекинете го процесот на прскање, доколку за време на прскањето излегува течност од другите места надвор од предвидената млазница и поправете го пиштолот за прскање. Постои опасност од електричен удар.
Вклучување
- Вметнете ја батеријата.
- Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го кон површината за прскање.
- Притиснете го прекинувачот (5) на пиштолот за прскање.
Исклучување
- Ослободете го прекинувачот (5).
- Извадете ја батеријата.