Совети при работењето
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го користите електричниот алат на отворено.
- Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја сликата на млазот и количината на материјал за прскање во зависност од материјалот за прскање.
За подесување, видете во следните поглавја. - Системот за фино распрскување држете го на подеднакво растојание од 15–20 cm вертикално кон објектот за прскање.
- Почнете со прскање надвор од површината за прскање.
- Во зависност од подесената слика на прскање, движете го системот за фино распрскување рамномерно хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm. - При прскање на легнати објекти или при прскање на плафон, системот за фино прскање држете го малку на косо и движете се наназад оддалечувајќи се од површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните пречки. - Избегнувајте прекини внатре во површината за прскање.
Рамномерното водење на системот за фино распрскување дава еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до нерамномерно бојосани површини.
- Завршете со процесот на прскање надвор од површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на прскање и се создава нерамномерна површина.
- По паузи или повторно полнење на резервоарот (2) проверете ја млазницата за боја (10) и капачето за вентилација (3) и доколку е потребно исчистете ги.
- Доколку се насобере материјал за прскање на капачето за вентилација (3) или на млазницата во боја, исчистете ги компонентите со соодветна четка или со навлажнета крпа.
- Никогаш не го активирајте прекинувачот (5), додека го поставувате капачето за вентилација (3).
- Свртете го капачето за вентилација (3) во саканата позиција.
Капаче за вентилација | Млаз за прскање | Примена |
---|---|---|
Хоризонтален плоснат млаз за вертикална насока на работа | ||
Вертикален плоснат млаз за хоризонтална насока на работа | ||
Округол млаз за агли, рабови и тешко достапни места |
(PAINTVolume)
- Свртете го вртливото копче (6) за да ја поставите саканата количина на материјал за прскање:
налево: намалување на количината на материјал за прскање,
надесно: зголемување на количината на материјал за прскање.
- Започнете со пробно прскање со минимална количина на материјалот за прскање и зголемете го, додека не се постигне посакуваното прскање. Доколку не се постигне задоволително прскање, разредете го материјалот за прскање во 5% чекори види Подготовка на материјалот за прскање.
Напомена: Интензитетот на нанесување боја во голема мера зависи од брзината на движење.
Премногу материјал за прскање на површината за прскање
Количината на материјал за прскање мора да се намали.
- Свртете го вртливото копче (6) налево.
Премалку материјал за прскање на површината за прскање
Количината на материјал за прскање мора да се зголеми.
- Свртете го вртливото копче (6) надесно.