Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
- По секоја употреба, веднаш темелно исчистете ги поединечните делови на системот за фино прскање, особено компонентите што спроведуваат боја. Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и безбедна работа на пиштолите за прскање. При недостиг или нестручно чистење не важи правото на гаранција.
- Ако треба, подмачкајте го прстенот за дихтување (7). При испорака е обезбедено и мало пакување со подмачкувач.
Секогаш чистете ги пиштолот за прскање и резервоарот за материјал за прскање со топла вода.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух на пиштолот за прскање со остри предмети.
- Притиснете ги копчињата за отклучување (19) и откачете го пиштолот (1) од основната единица (15).
- Олабавете го садот (2) од пиштолот за прскање (1).
Држете го садот (2) под вертикалната цевка (8) и притиснете го контролниот прекинувач (5) на пиштолот за прскање, за да може да се врати материјалот за прскање назад во садот. - Целосно испразнете го садот (2).
Материјалот за прскање може да се чува за понатамошна употреба во херметички затворен сад за бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (9) со капак или оригиналниот сад за материјал за прскање. - Исчистете го садот (2).
- Демонтирајте ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за садот (12) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за садот (12) на пиштолот за прскање. - Наполнете го садот (2) со топла вода и повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
- Прицврстете ја основната единица (15) на пиштолот за прскање (1).
Мора да слушнете како се вклопуваат копчињата за отклучување (19). - Прскајте додека не почне да излегува чиста вода. Евентуално дополнете го резервоарот повторно со топла вода.
- Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со влажна крпа, потоа тргнете ја настрана основната единица (15) од непосредното место на чистење.
- Демонтирајте ја преклопната навртка (4), капачето за вентилација (3), млазницата за боја (10) и цевката за всисување (8) со дихтунгот за садот (12).
- Во една кофа со топла вода исчистете ги сите делови што спроведуваат боја со обична четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (14) на пиштолот за прскање (1).
- Проверете дали во цевката за всисување (8) со дихтунгот на резервоарот (12) нема материјал за прскање и дали е оштетена.
- Исчистете го отворот за проветрување (13) со соодветна четка за чистење.
- Исчистете го резервоарот (2) и пиштолот за прскање (1) однадвор со влажна крпа.
- Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се исушат.
- Монтирајте го системот за фино распрскување по обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (12) притиснете го нагоре во жлебот на цевката за всисување (8).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е правилно позициониран во жлебот на цевката за всисување, за да се заптијат добро пиштолите за прскање.
Цевката за всисување (8) ставете ја повторно до крај во каналот за боја (14).
Пиштолите за прскање и садот за материјалот за прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за разредување за користениот материјал за прскање.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух на пиштолот за прскање со остри предмети.
Носете соодветни ракавици при чистење со раствори и бои на база на раствори.
- Притиснете ги копчињата за отклучување (19) и откачете го пиштолот (1) од основната единица (15).
- Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со влажна крпа и средство за разредување, потоа тргнете ја настрана основната единица (15) од непосредното место на чистење.
- Олабавете го садот (2) од пиштолот за прскање (1).
Држете го садот (2) под вертикалната цевка (8) и притиснете го контролниот прекинувач (5) на пиштолот за прскање, за да може да се врати материјалот за прскање назад во садот. - Целосно испразнете го садот (2).
Материјалот за прскање може да се чува за понатамошна употреба во херметички затворен сад за бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (9) со капак или оригиналниот сад за материјал за прскање. - Исчистете го садот (2).
- Демонтирајте ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за садот (12) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за садот (12) на пиштолот за прскање. - Наполнете го садот (2) до половина со растворувач и повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
- Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
Притоа внимавајте да не испрскате од средството за разредување. Постои опасност од експлозија. - Олабавете го садот (2) од пиштолот за прскање (1) и целосно испразнете го во соодветно канче што се затвора.
- Демонтирајте ја преклопната навртка (4), капачето за вентилација (3), млазницата за боја (10) и цевката за всисување (8) со дихтунгот за садот (12).
- Во една кофа со средство за разредување исчистете ги сите делови што спроведуваат боја со вообичаена четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (14) на пиштолот за прскање (1).
- Проверете дали во цевката за всисување (8) со дихтунгот на резервоарот (12) нема материјал за прскање и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот (12) уште еднаш со средство за разредување. - Исчистете го отворот за проветрување (13) со соодветна четка за чистење.
- Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се исушат.
- Монтирајте го системот за фино распрскување по обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (12) притиснете го нагоре во жлебот на цевката за всисување (8).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е правилно позициониран во жлебот на цевката за всисување, за да се заптијат добро пиштолите за прскање.
Цевката за всисување (8) ставете ја повторно до крај во каналот за боја (14).
Филтерот за воздух (20) мора да се исчисти повремено. Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се замени.
- Отворете го поклопецот за филтерот за воздух (18).
- Извадете го филтерот за воздух (20).
- Мала нечистотија:
Тропнете го филтерот за воздух (20).
или
Голема нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух (20) под истечна вода и оставете го добро да се исуши, за да го избегнете создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух (20). - Повторно ставете го филтерот за воздух.
- Повторно затворете го поклопецот на филтерот за воздух (18).
- Никогаш не го користете системот за фино распрскување без филтер за воздух. Честичките од нечистотија може да навлезат во просторот за мотор и да го оштетат.
Нечисто средство разредување, остатоците од материјалот за прскање и ев. остатоците од разредувачот мора да се отстранат на соодветен и еколошки начин. Внимавајте на упатствата на производителот за депонирање и месните прописи за посебно депонирање на отпадот.
Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на земјата, во подземни води или во површински води. Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте во канализација!