Алати за Home & Garden
Вкрстен линиски ласер
Advanced

Level 360

AdvancedLevel 360
AdvancedLevel 360
Повеќенаменски за прецизно израмнување
  • Проекција на 360° хоризонтална линија, 2 вертикални линии и долна права точка
  • Сите важни функции за брзо и лесно нивелирање, израмнување и пренесување
  • Зелена ласерска технологија: до четири пати поголема видливост дури и во услови на силна светлина
  • Точност од +/- 0,4 mm/m за прецизни резултати
  • Агол на отворање од 120° за долги ласерски линии дури и на кратки растојанија

Повеќенаменски алат за прецизно нивелирање, израмнување и пренесување со максимална видливост

Кога станува збор за лесно и брзо нивелирање, израмнување и пренесување, AdvancedLevel 360 ги обединува сите потребни функции во само еден алат. Прецизното израмнување е овозможено благодарение на проекција на 360° хоризонтална ласерска линија и вертикална линија. Покрај тоа, втората вертикална ласерска линија, поставена под агол од 90°, овозможува лесно и точно израмнување, а референтниот крст на плафонот, заедно со функцијата за поставување надолу, обезбедува брз пренос. Благодарение на зелената ласерска технологија, видливоста е четири пати подобра кога ќе се спореди со црвените ласерски линии, дури и во услови на силна светлина. Без разлика дали се работи за поставување спуштен плафон, мебел на иста висина, поставување гипскартон и туш кабини, или закачување светла, квалитетите на овој 360° линиски ласер даваат оптимални резултати, дури и кога се користи на малку нерамни површини.

Совладување на сите видови примени.

360° израмнување во целата просторија за практично работење
Совршена визија за задачата што ја имате
Флексибилна употреба дури и во услови на силна светлина
Висока прецизност за секоја задача
Работење со дијагонални ласерски линии
Едноставна употреба за идеални резултати

Технички податоци за AdvancedLevel 360

Технички спецификации
Работен опсег одн. опсег на дијаметар
24 m
Ласерска диода, ласерска линија
500 - 540 nm
Ласерска диода, ласерска точка
630 - 650 nm
Класа на ласер
2
Станд. време на самонивелирање.
4 s
Опсег на нивелирање
± 4 °
Агол на отворање
120 °
Прецизност**
± 0,4 mm/m
Навој на статив
1/4"
Тежина
0.52 kg
Батерија
4 x 1,5V LR6 (AA)
Приближен работен опсег
12 m
Димензии на алатот (L x W x H):
117 x 80 x 126 mm

Преглед на цените и деталите за испорака

AdvancedLevel 360
AdvancedLevel 360
Основна
Број на нарачка: 0603663B03
EAN-код: 3165140974844
  • 4 x 1,5V LR6 (AA) батерии
  • Торба
AdvancedLevel 360 Set
AdvancedLevel 360 Set
Број на нарачка: 0603663B04
EAN-код: 3165140974851
  • 4 x 1,5V LR6 (AA) батерии
  • Статив
  • Торба

Достапни додатоци

TT 150

TT 150

Статив со прилагодување на висината со разновидно позиционирање на алатот

Со флексибилно позиционирање на главата на стативот што овозможува лесно навалување и целосна ротација од 360°, опсег на прилагодување на висината од 0,55 m до 1,57 m за различни работни висини и интегрирани цевчиња за течност за совршено нивелирана потпора, TT 150 е совршен статив за алати за нивелирање. Овој робустен, висококвалитетен алуминиумски статив има гумени ногарки за стабилност на каков било под, како и ¼" навој за брзо и лесно фиксирање на алатот.

Опсег на прилагодување на висината од 0,55 до 1,57 m

Најдете го точниот резервен дел брзо и едноставно

Точниот резервен дел само со клик на глувчето

Изберете резервни делови онлајн
Добијте е-маил со листата на избрани резервни делови
Испечатете ја листата и нарачајте резервни делови од дилер

Поддршка за Bosch

Едноставно пишете ни порака преку нашата контакт форма.

Грижа за клиенти

За прашања во врска со сервисот за поправка и резервни делови:
Од понеделник до петок:
08:00 - 19:00
Од понеделник до петок:
08:00 -16:00