Брусилки

Ексцентрични кружни брусилки
Со ексцентричните кружни брусилки на Bosch може да уживате во исклучително фино брусење и полирање со високи перформанси и удобност. Моќните мотори, подвижноста и оптималното насочување ја олеснуваат работата на средни и големи рамни или криви површини.
- Идеални за брусење средни и големи рамни или криви површини
- За употреба на дрвени, метални, бојадисани и лакирани површини
- Брусење мебел, врати, рамки, скали, подови
- Полирање лакирани површини или површини со висок сјај

Мултифункционални брусилки
Мултифункционалните брусилки на Bosch се идеални за многубројни задачи. За лесна употреба на мали и средни рамни површини, вклучувајќи и ќошеви, рабови и тешко достапни места на дрво, боја, лак, метал и камен.
- За извршување многубројни задачи за брусење
- Идеални за мали и средни рамни површини
- За ќошеви, рабови и тешко достапни места
- За употреба на дрво, боја, лак, метал и камен

Батериски алат за брусење и полирање
Алатот за брусење и полирање на Bosch е идеален за мали и средни криви, заоблени и рамни површини. Од тврдо дрво, меко дрво, обоени и лакирани површини, до метал и кожа.
- Ротирачките, подвижни дискови лесно се прилагодуваат на конвексни и конкавни површини
- За криви, заоблени и рамни површини
- Брусење дрво, боја, лак и метал
- Полирање површини премачкани со восок, лак, површини со висок сјај и кожа